Повеќе од 1.000 кинески парови чекале во ред дозвола за венчавка на август, денот кога свечено ќе се отворат олимписките игри.
Идните сопружници ги преплавиле канцелариите за издавање дозволи во петокот, првиот ден кога можело да се добијат дозволите.
Бројот 8 има симболично значење во Кина бидејќи се изговара како зборот „Фа“, кој е дел од синтагмата што во превод значи „да се биде богат“.
„Кинезите многу сакаат да се венчаат на некој симболичен датум, а тоа е секако отварањето на олимпијадата“, наведува агенцијата Хинхуа.
Канцелариите за издавање дозволи за венчавка проценуваат дека на 8 август судбоносното „да“ ќе го речат повеќе од 9.000 парови.