Телевизиска екипа  од кинескиот град Далиан денес го заврши неколкудневното снимање на репортажи за Охрид. Се снимаше на повеќе атрактивни локации. Снимањето заврши со интервју со градоначалникот Никола Бакрачески.

– Ви благодарам  што дојдовте во  Охрид и се надевам дека во текот на седумдневниот престој снимивте доволно материјали за да подготвите неколку репортажи кои ќе се емитуваат на телевизијата во Далиан. Ја користам можноста до раководството и жителите на пријателскиот Далиан да испратам искрени поздрави од древниот Охрид и да ги поканам почесто да доаѓаат кај нас за да креираме и реализираме нови форми на соработка и да ги јакнеме веќе воспоставените пријателски односи, рече во интервјуто, градоначалникот  Никола Бакрачески.

Кај кинеските новинари најголем впечаток оставиле природните убавини, Охридското Езеро и  културното наследство, а се воодушевиле и од храната и гостопримливоста на  охриѓани.

OhridNews