Кинеските ученици би требало да вежбаат вид два пати дневно, како би ја избегнале кратковидоста, која во земјата поприма размери на епидемија, предупредуваат од министерството за образование во Пекинг.
Најновите испитувања покажале дека видот кај учениците значително се влошува за време на обемниот кинески школски систем.
Директорите на училиштата ќе мораат да го растеретат школските програми и да ги подобрат условите за работа како не би било доведено во опасност здравјето на учениците, рекол заменикот министер по образование Чен Хиао и советувал дека во училиштата ќе бидат организирани вежби за очи секое утро и попладне.