Кинескиот тест последна можност за наметнување кај Јонуз
17.12.10 00:15
Македонската фудбалска репрезентација ги финишира подготовките за патувањето во Кина. Селекторт Мирсад Јонуз смета дека мечот со Кина е исклучително корисен, посебно во овој временски период кога фудбалерите не се активни во клубовите.
– Играчите кои се повикани за овој натпревар се во најдобар ред и нема никакви пријави за повреди или откази. Според информациите кои ги имаме за временските услови, температурата и амбиентот одговараат да се одигра еден добар натпревар. Многу информации за играчите и формата на Кинеската репрезентација немаме, меѓутоа мора да се напомене дека имаат едно учество на СП во 2002 година – вели селекторот.
Подготвките започнуваат денес со прозивката во Хотел Стоун Бриџ, а потоа првиот тренинг е во 15.00 часот на “Арена Филип II Македонски“. – На играчите ќе им предочам дека само со мотивирана и организирана игра може да се оствари добар резултат и да се наметнат за потесен состав на А репрезентација. Со овој натпревар ќе ја завршиме календарска 2010 година и воопшто не сум оптеретен со пласманот на ФИФА ранг листата туку одлучни сме да создадем нови вредности – исткна Јонуз.
За Кина ова е натпревар од подговтителниот циклус за азискиот куп кои ќе се одржи во јануари во Катар.
По успешно реализирани три изданија на ракометниот камп „40х20“, во балканскиот бисер Охрид, организаторот на кампот, агенцијата КМГ Спорт, ги стартува подготовките и го најавува четвртото издание ...
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.