Кинескиот поет Беи Дао е годинешниот лауреат, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Управниот одбор и дирекцијата на НУМ Струшки вечери на поезијата одлуката ја соопшти денеска на свечена седница на Македонската академија на науките и уметностите.

Дао се карактеризира со експериментален стих, јазична двосмисленост и е еден од најистакнатите поети во кинеската белетристика.

Годинава Струшките вечери на поезијата ќе се одржат по 54- ти пат.

OhridNews