Кинескиот врховен суд го ослободи од вина осуденикот кого властите го погубиле пред 21 година. Ние Шубин имал 20 години кога во 1995 година бил осуден за убиство и силување на жена чие тело било пронајдено во поле со пченка, во близина на северниот кинески град Шиѓијаџуанг. Истата година бил погубен.

Врховниот суд денеска го прогласи за невин, десет години откако друго лице признало дека го извршила злосторството за кое беше осуден Ние. Случајот го привлече вниманието на бројните проблеми во кинеското правосудство, како и честата примена на смртната казна.

OhridNews
извор Макфакс