Ретка црвена чинија украсена со цветови од лотос од периодот од 1662 до 1722 година, од времето на царот Кангси, била продадена за неверојатни 9,5 милиони долари на аукција во Хонг Конг, соопштила аукциската куќа Сотби.
Оваа цена постигнала нов рекорд за било кој кинески порцелан од времето на овој цар, за време на владеењето на династијата Чинг, откако чинијата ја купил продавач на керамика од Хонг Конг. Почетната цена на рубин црвената чинија, украсена со розе, жолти и сини цветови од лотос, била процената на околу девет милиони долари на шестдневната пролетна аукција во Кина.