Почитувајќи ја кинеската традиција за осумката како среќен број, повеќе од 310.000 младенци стапија во брак на 8 август, соборувајќи го рекордот по број на венчавки во еден ден од прогласувањето на Народна Република Кина.

314.224 парови се венчаа во петок на 08.08.08, на денот на свеченото отварање на 29 Олимписки игри, објави агенцијата Нова Кина повикувајќи се на службени статистики.


Само во Пекинг, градот домаќин на ОИ, се венчале 15.646 парови, а тоа е 23 пати повеќе од просекот на престолнината.

Властите за тоа барале од матичните служби да го зголемат бројот на вработени, да ангажираат доброволци и да работат прекувремено за да успеат да ги венчаат сите пријавени парови.

Поради тоа некои матични служби работеле 24 часа без прекин, додава Нова Кина.