Плејбекот во Кина е забранет по скандалот за време на Олимписките игри кога пред аудиториумот поубаво девојче ја отварало устата, а друго пеело зад сцената.


Кинеските власти во согласност со новата одлука на министерството за култура за забрана на пеење на плејбек за прв пат казниле со парична казна две кинески пејачки поради “отварање уста“ на еден концерт.

Двете релативно анонимни пејачки откриени се како пеат на плејбек на концерт одржан во Југозападна Кина. Но многумина се прашуваат зошто за истиот престап не се казнуваат и популарните пејачи, кои често на своите концерти пеат на плејбек. Освен парична, казната може да биде и одземање на лиценцата за настапи.