Кинескиот 30 годишен фармер Ли Џун и неговата сопруга добиле син кој на грбот, на нивно запрепастување, има втор пенис. Кон крајот на минатиот месец детето е однесено во болница за да му се отстрани половиот орган кој се наоѓал на грбот.
Оваа ретка медицинска појава која воедно е и прв таков случај во болницата, се нарекува фетус во фетус. Докторите го оперирале детето на 6 јуни, а половиот орган го отстранувале повеќе од 3 часа. Детето добро се опоравува од операцијата.