Кинескиот милијардер Стенли Хо на саботната аукција во Макао за два тартуфи платил неверојатни 250 илјади долари. Хо ги купил тартуфите на хуманитарна аукција која ја организирала неговата компанија „Сосиедаде де Жогос де Макау“. Тартуфите се познати како специјалитет кој поради силната арома се додава во разни јадења во мали количини.


Прескапите тартуфи биле набрани во Италија. Едниот, кој тежи дури 900 грама, стигнал од Тоскана, додека вториот од 400 грама потекнува од италијанската покраина Молиса. За скапите тартуфи се натпреварувале понудувачи од Рим и Лондон. Милијардерот Хо пред три години за истата сума купил само еден тартуф.