Кинескиот милијардер Ју Пенјан, кој заработил 1,2 милијарди долари на пазарот со недвижности, одлучил целокупниот свој имот да го подари во добротворни цели. Со пренесувањето на своето богатство во добротворниот фонд кој го носи неговото име, Ју станал најголемиот филантроп во историјата на Кина.
Тој магнат, кој има 88 години, изразил надеж дека неговата одлука ќе послужи како пример за другите богати кинези. Своето богатство го створил од нула, а како што рекол, неговата желба да им помага на сиромавите потекнала од сите неудобности кои го прателе во младоста.