Кинескиот град Чонгкинг од денеска воведе скратено работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран, соопшти администрацијата на градот со над 31 милион жители.
Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16:00 до 21:00 часот, за да се овозможи безбедна и рамномерна дистрибуција на електричната енергија и да се обезбедат основните потреби за целото население, градскиот економски и соопшти Комисијата за информации.
Мерките ќе продолжат до понатамошно известување, а надлежните ќе одлучат кога состојбата ќе се нормализира, врз основа на временската прогноза и состојбата со снабдувањето со електрична енергија.
За наредните денови се предвидуваат температури над 42 степени.
Градот Чонгкинг се наоѓа во провинцијата Сечуан, на околу 1.800 километри од Пекинг и има околу девет милиони жители.
OhridNews