Порно актерката Рола Мисаки склопила многу доходовен договор. Неименуван кинески бизнисмен одлучил да и даде 8,1 милион долари во замена за 15 години „верност“. Она што се знае за него е дека има врски со забавната иднустрија. Неимнеуван извор вели дека само во недвижности има неколку стотини милиони долари. На настаните неговото однесување вклучува и давање милионски напојници. Според тој извор, Мисаки, која е пола русинка, ќе му биде „лична асистентка“, а ќе добие и негова поддршка во својата работа во забавната индустрија.
Тие двајца неодамна на еден настан се појавиле заедно, држејќи се за рака. Неговото лице било прекриено со маска, а нежностите кои ги разменувале пред сите наведуваат на заклучок дека договорот вклучува и интимни односи. Мисако своето деби во порно индустријата го имала под името Рола Такизава во 2012 година. На кинеската верзија на Твитер има повеќе од 4,8 милиони следбеници.