Еден кинез обвинет за семејно насилство, по кој правосудството трага десет години, бил пронајден како работи како затворски чувар. Ванг Зијиа исчезнал откако официјално бил обвинет дека во кавга на сопругата и нанел тешки телесни повреди.


Полицијата оваа седмица открила дека успеал да се вработи претставувајќи се како својот брат во затвор во покраината Анхуију, околу 260 километри од својот дома во центарот на Кина. Бил пронајден откако полицијата се посомневала во тоа што и тој и брат му го користеле истиот идентитет. Неговата поранешна сопруга сеуште патела од главоболки, амнезија и наглувост.