НЛО е забележан во лет над Хангзоу, главен град на кинеската провинција Зеџијанг, а светел со јако бело светло и зад себе оставал светла трага. Аеродромот е затворен откако бил забележан НЛО околу 21 часот, а неколку летови биле одложени.
Вчудоневидените сведоци ја пријавиле необичната појава во облик на комета, а некои успеале да снимат и фотографии од, како што веруваат, вонземјанското летало. Локален возач на автобус изјавил дека сјајниот објект го видел и претходно. Леталото одеднаш брзо се оддалечило, и изгледало како да бега од нешто.
Некои кинески експерти тврдат дека необичниот објект всушност е дел од интерконтинентална балистичка ракета. Кинеските власти подоцна објавиле дека знаат за што се работи, но не можат да ја информираат јавноста бидејќи се работи за воена тајна.