Шангајската полиција во весници и на телевизија ќе објавува огласи и видео снимки на кои ќе се гледаат луѓето кои непрописно ќе преминат улица, како би ги посрамотиле и така да ги натераат да ги почитуваат правилата.


Овој потез доживеал остри критики од адвокатите, кои велат дека јавното понижување е преостра казна за такви прекршоци и предупредуваат дека би можело да дојде до зголемено поднесување приватни тужби против полицијата поради нарушување на угледот.

Сообраќајната полиција во текот на 2008 година до сега забележала 7,78 милиони непрописни преминувања на улица.