Кинеска вазна од 18 век која била пронајдена при распродажбата на предмети од една куќа во Лондон била продадена на аукција за неверојатни 51 милион евра. Скапоцениот предмет од порцелан од времето на династијата Цинг, првобитно бил проценет за нешто повеќе од милион фунти, а му припаѓал на братот и сестрата кои го наследиле.
Вазната украсена со жолт и небесно син емајл со мотив на риба на предната страна била продадена на анонимен купувач. Експертите процениле дека вазната од Кина во Велика Британија стигнала во средината на 19 век.