Претставници на највлијателните кинески медиуми, во рамки на посетата на нашата земја што се реализира на покана на Здружението на новинарите на Македонија, денеска ќе престојуваат во Охрид.

Тие ќе бидат примени од градоначалникот, Александар Петрески, кој во нивна чест ќе приреди ручек.  Кинеската телевизиска делегација ќе ги разгледа и културно-историските знаменитости на Охрид.

Ohridnews