На граничниот  премин Ќафасан запленета е непријавена стока од кинеско
потекло со вкупна вредност од 1.439.852 денари, соопшти денеска
Царинската управа на Македонија.

Како што информираат од царината , стоката била натоварена на камион со
македонски регистарски ознаки, управуван од С.К. – македонски
државјанин од Крива Паланка. Според документите што биле приложени од
возачот, камионот бил натоварен со термостати со потекло од Кина,
наменети за увозник од Куманово.

При извршениот детален преглед покрај пријавената стока, цариниците
откриле и непријавени 13.245 разни други производи. Откриената стока и
камионот  привремено се задржани, а против прекршителите ќе бидат
поднесени кривични пријави, информираат од  Царинската управа.

Ohridnews