Многу ретка кинеска поштенска марка бима продадена на аукција во Хонг Конг за 890 илјади долари. Малата црвена марка од времето на династијата Цинг со номинална вредност од еден долари, има само 32 копии, било наведено во соопштението на аукцикста куќа. Светлоцрвената марка ја симболизирала среќата и богатството во кинеската култура, а вредна е бидејќи текстот на неа бил штампан многу ситно, поради што била побарана друга верзија на марката.

Марката била продадена на тридневната аукција на поштенски марки од Кина, Азија и Хонг Конг, која била завршена во понеделникот, а вкупната заработка изнесувала 71,9 милиони хонгконшки долари. Директорот на аукциската куќа рекол дека филателијата зазема посебно место во кинеската култура, а ретките марки се важни културни икони и културно богатство, како и уметноста.