Делегација на Далиан- Кина деновиве ќе го посети Охрид, како резултат на воспоставените пријателски односи меѓу двата збратимени града. Целта на посетата е продлабочување на соработката во стопанството, туризмот и културата.

Претходно на покана на локалните власти на кинескиот град Далиан, градоначалникот Александар Петрески присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Посетата на Далиан беше своевидна афирмација на Охрид како туристички центар и популаризирање на неговата туристичка понуда, културно-историското наследство и природно богатство пред бројни делегации на градските власти од разни земји.

OhridNews