Освен абсинтот и кубанските пури, американските власти забраниле и еден многу познат и на сите омилен прозивод, киндер јајцето, кое се нашло на списокот сувенири кои американските државјани не смеат да ги внесуваат во земјата, јавуваат медиумите.

Имено, бидејќи капсулата со играчката се наоѓа внатре во чоколадото, американците сметаат дека киндер јајцата се опасни за децата, па поради тоа се забранети за продажба и увоз. Ако некој се одлучи да ризикува и овој производ да го внесе во САД, цариниците на оваа земја ќе наплатат казна во висина од 2500 долари по јајце.