Местата за паркирање се за еден метар подолги и пошироки од вообичаените, а сигнализацијата е поголема и поразнобојна. Властите на кинеската провинција Хебеи, на северот од земјата, отвориле паркинг резервиран исклучиво за жени, со објаснување дека местата за паркирање се поголеми.
Раководителот на трговскиот центар во градот Шиџизуанг објаснил дека кога се градел тој паркинг се водела сметка да се одговори на потребите на жените кои управуваат со автомобили. Тие биле задоволни од изведбата на паркингот.