Во Кина веќе во 2015 година би можел да почне да се гради првиот пловечки град на светот, што би можело да биде историска пресвртница во животот на Земјата. Футуристичкиот проект за кинеската инвестициона компанија „China Transport Investment“ го направила компанијата „AT Design Office“ со седиште во Лондон. Овој град би заземал површина од десет квадратни километри, а би се градел со истата технологија со која  „China Transport Investment“ направиле мост долг 31 километар кој ги поврзувал Хонг Конг, Макао и Жухаи.

Подземниот дел од градот би бил составен од повеќе делови, таканаречени модули, кои би биле поврзувани со подводни тунели. Овој град е замислен како самоодржлива целина, со производство на храна и соларна енергија на површината, како и сопствено пристаниште. Планирана е и изградба на луксузни хотели, ресторани како и други објекти.