Кинеската генерална управа за медиуми и публикација запретила дека ќе затвори повеќе од 120 интернет страници кои нудат порнографска содржина. Властите во Пекинг во втората половина на 2009 година започнале силна борба против онлајн порнографијата.


Претходно биле забранети сајтовите од кои можело да се симнуваат содржини преку мобилните телефони. Кина е светски најголемиот пазар на интернет со околу 2420 милиони граѓани кои ја користат оваа компјутерска мрежа.