Кина ги повика САД да бидат транспарентни по однос прашањето околу биолошките лаборатории во Украина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан, денеска истакна дека воено-биолошките активности во Украина предизвикуваат загриженост кај светската заедница.

Според него, неодамна објавените информации укажуваат дека во Украина има десетици биолошки лаборатории што работат по директива на американското Министерство за одбрана. Тој нагласи дека во тие капацитети САД имаат вложено 200 милиони долари.

Американската држава секогаш се декларирала за отвореност и транспарентност. Ако САД тврдат дека информацијата е лажна, зошто не објават детални информации и на тој начин ја докажат својата искреност. Ако американската страна сака да ја докаже својата искреност, зошто не ти отвори лабораториите за независна верификација од меѓунаропдни експерти, запраша портпаролот на МНР на Народна Република Кина.

OhridNews