Старлетата и актерка Ким Кардашиан е бремена и сама, пишува списанието „ОК“. Списанието навело дека Кардашиан го очекува првото дете, но дека нејзината врска со раперот Кање Вест е во криза, иако неодамна изјавила дека не може да се замисли со некој друг освен со него.
Ким, која со Кање се забавува шест месеци, рекла дека животот со него е совршен, бидејќи покрај тоа што и бил љубовник, тој и бил и најдобар пријател. Таа претходно се развела од кошаркарот Крис Хемфрис по само неколку денови брак.