Ѕвездата на американските реални шоу, која беше ограбена во Париз, пристигнала вчера во Њујорк придружувана од обезбедување кое се состоело од дваесет телохранители, пренесува таблоидот порталот TMZ, пишува „Макфакс“.

За безбедноста на ѕвездата, исто така, биле ангажирани и припадници на полицискиот оддел на Њујорк, пишува порталот кој е добро информиран за случувањата во животите на славните личности, кој постави видео од пристигнувањето на Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест. Колоната во кој била Кардашијан се состоел од 10 автомобили.

Кардашијан беше ограбена ноќта кон понеделникот, околу три часот утрото, во хотел во Париз, каде присуствуваше на „Париската модна недела“. Според медиумите, ѝ бил украден ковчегот со накит проценет на вредност меѓу 5 и 6 милиони долари. И прстен кој е проценет на 4 милиони долари. Кардашијан, исто така, останала и без два мобилни телефона.

Во грабежот учествувале пет мажи во полициски униформи. Тие ја врзале својата жртва и ја затвориле во бањата. Портпаролката на Кардашијан изјавила дека ѕвездата не настрадала, но дека доживеала силен шок.

Веднаш по дознавањето на веста за ограбувањето на неговата сопруга, Кание Вест го прекина концертот во Њујорк, извинувајќи се со неодложни семејни причини.

OhridNews
извор: „Макфакс“