Ким Кардашијан започнала да ја планира свадбата со Кање Вест, а како модел ќе и послужи кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Ким планира да го каже судбоносното “да“ во Велика Британија. Иако по закон сеуште е во брак со Крис Хамфриз, Ким веќе ја планира новата венчавка. Таа би сакала да се омажи во некој од замоците во близина на Лондон.
– Таа планира голема британска венчавка која ќе и парира на кралската венчавка. Планира да покани познати гости, како Џеј Зи, Бијонсе, Ева Лонгорија и многу други, кои ќе пристигнуваат во кочии-вели извор близок на Ким.