Ким Кардашијан и стана позната на јавноста благодарение на порно снимката која ја имаше со некогашниот дечко Реџи Буш. Иако никој не и верува дека не сакала нејзината снимка да стане јавна, сепак сега таа повторно во јавноста навести дека постои порно снимка и со нејзиниот сопруг Кање Вест. Оваа тема стана актуелна откако таа имаше интервју за магазинот “GQ”.

„Инцидентот со снимката се случи пред многу години, а тогаш јас имав само 22 години. Кога си млад правиш такви работи со дечкото. Не мислам дека таа снимка е некој вид скандал бидејќи сепак јас и тој бевме дечко и девојка со години. Познавам многу луѓе кои имаат исто вакви снимки„ изјавила Ким. На прашањето дали има и видео снимка со секс со својот сопруг, ријалити ѕвездата дала неодреден одговор. „Се омажив за совршениот маж. Јас и мојот мажи имаме неверојатен секс. Доколку направам уште една таква снимка, никогаш не би сакала истата да ја види јавноста. Не сакам да ја направам истата грешка два пати. Таквата видео снимка е приватна работа и никој не би требало да ја види освен јас и Вест“ изјавила Ким.