Риалити ѕвездата Ким Кардашијан за прославата на својот 34 роденден го собра своето семејство и пријатели во еден клуб во Лас Вегас. Неа ја пратеа многубројни фоторепортери, папараци, камери…но, сепак Ким во сето тоа уживаше. Пред неколку дена Ким се врати од одморот во Хаваи, па гордо го покажувала својот потемнет тен. На прославата носела деколтирана бела тоалета за која не е потребно да се коментира, додека пак нејзиниот сопруг под будно око ја прател цело време својата љубена.

И што и да се рече за неа, Ким несомнено заработува милиони благодарение на својот изглед, а минатата година и се оствари и долгогодишниот сон да се најде на насловната на популарниот магазин ВОГ. Она што е исто така интересно е што, Ким е платена и за да гостува по клубовите, а за тоа добива милионски суми само за едно појавување, а нејзината видео игра ја освои публиката – исто како и нејзината книга со „селфи“ слики. Несомнено, Ким имаше весел роденден!!!