По породувањето, Ким Кардашијан со своето бебе Норт Вест и Кање Вест се доселила во семејната куќа и направила хаос! До таа мера што нејзиниот очув, Брус Џенер го напуштил својот дом. Веднаш по доаѓањето во куќата настанале проблеми. Брус постојано го замолчувале поради бебето, а му забраниле и да ги вози своите хеликоптери на далечински управувач со своите пријатели.
Во куќата на Кардашијан се се свртело против Брус. На крај, револтиран од ситуацијата, го напуштил семејниот дом. Крис Џенер ни малку не се потрудила да го задржи.