Старлетата Ким Кардашиан на 31 октомври ќе наполни 32 години. Иако не се сомнева во добриот избор за роденденски подарок од свето момче Кање Вест, таа дискретно сугерирала дека најмногу би ја израдувал новиот „Ајфон 5“.
Ѕвездата на реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians” својот роденден ќе го прослави во кругот на најблиските, бидејќи не е расположена за голема забава. Според нејзините зборови, роденденските забави воопшто не и се допаѓаат.