И покрај острите критики поради скандалите околу разводот, Ким Кардашиан и понатаму е многу популарна, па еден клуб од Лас Вегас одлучил да ја ангажира за новогодишната ноќ. Старлетата на 31 декември ќе биде домаќинка на новогодишната прослава која ќе се одржи во ноќниот клуб „Тао“ и за тоа ќе добие 600 илјади долари. Една од нејзините специјални задачи ќе биде да го означи почетокот на новата 2012 година со гонг.
Таа не е единствената позната личност која на ваков начин ќе го дополни својот буџет. Ферги ќе заработи 75 илјади евра поради тоа што со своето присуство ќе ја удостои забавата во новиот ноќен клуб на хотелот „Мираж“ во Лас Вегас. Некои ѕвезди пак, останале неангажирани бидејќи барале превисок хонорар. Тоа е случај со Кејти Пери која барала 200 илјади долари за концерт на новогодишната ноќ.