Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашиан, била пријатно изненадена кога видела што вереникот Кање Вест и подарил за денот на вљубените. Риалити ѕвездата добила од својот вереник дури 1000 рози, кои ги затекнала во својата соба.
Фотографијата од целокупниот настан Ким ја објавила на својот Инстаграм профил и додала дека нема ништо подобро отколку да биде со својата љубов на денот на вљубените. Кање по се изгледа баш умее да приреди изненадување за својата сакана.