Додека на некои жени бременоста им годи, и во месеците на блажена состојба едноставно блескаат, Ким Кардашиан има потполно поинакво искуство. Риалити ѕвездата на својот сајт објави дневник на бременоста, во кој истакнува дека два месеци пред породувањето воопшто не се чувствува пријатно. Госпоѓа Вест вели дека не и годи ниту омилената мексиканска храна, како и дека секои пет минути мора да оди во тоалет.

 

Напиша дека се чувствува како кит, и додава дека семејството и дава огромна поддршка и дека благодарение на нив се поднесува полесно. Сепак, ниту во поодминатата бременост не се откажува од тесната гардероба. Пред два дена присуствуваше на доделувањето на “In Style” наградите, на кое се појави во тесен бел фустан.