Риалити ѕвездата Ким Кардашиан го прошетала својот нов фустан низ улиците на Лос Анџелес, а на среќа на нејзините обожаватели, фустанот бил проѕирен, додека старлетата „заборавила“ да облече градник. Ким била на ручек со својот сопруг Кање Вест, а по разделувањето таа позирала и за папарацо фотографите кои се нашле во близина.
Со оглед на тоа што нејзиниот фустан бил провиден, фотографите добиле повеќе отколку што се надевале, па ги снимиле и нејзините гради. Повторно. Таа не се оптоварувала премногу со овој проблем, со оглед на тоа што веќе покажала се што има на почетокот на својата кариера.