После роденденската прослава на својот брат Роб, старлетата Ким Кардашиан на Твитер објавила фотографии од забавата. Напишала дека нејзината мајка била „дива“ и дека сјајно се забавувала. И покрај проблемите со разводот, Ким продолжувала по старо, со луди ноќни забави и незаборавни журки.
Така таа минатиот викенд била на роденденската прослава на својот брат Роб. Во друштво на мајката Крис Џенер, Ким лудувала во луксузниот хотел “Mirage” во Лас Вегас. Во провокативен бело-златен фустан, насмеана и среќна, предизвикувала огромно внимание и лудо се забавувала со сестрите и мајка си.