Најновиот стајлинг на Ким Кардашиан дефинитивно покажа дека баш секоја стока има свој купувач. Сугорно не постојат многу жени кои би облекле крзнен костум за капење, но ѕвездата одлучила дека токму тоа е совршена комбинација за уживање во зимските радости. Ким позирала на снег во минијатурно бикини кое го дизајнирал нејзиниот сакан Кање Вест, а крзнените гаќички и градникот едвај ги прекриле нејзините бујни гради.

 

Сепак, како не би смрзнала, старлетата комбинацијата на надоплнила со чизми со крзно. Серијата фотографии старлетата ги поделила со бројните обожаватели на Инстаграм. Овие фотографии настанале на скијање, каде Ким и Кање уживале во зимските празници со уште осум парови. Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, одлично се забавувале.