Ким Кардашиан навистина има импресивен животопис. Забележана била поради нејзините гради, се прославила откако во јавноста била пуштена нејзина приватна секс снимка, но после тоа се и тргнало нагоре. Заработува милиони со позирање, заштитно лице е на неколку големи американски брендови, има сопствена модна колекција, издала книга, се обидела и во пеењето, но и тоа не е се.

Најновиот додаток е и потенцијалната политичка кариера. Таа на својата сестра и кажала во доверба дека би сакала да се кандидира за началник на округот Глендејл во Лос Анџелес. Тој округ бил населен од голем број ерменци, а Ким сакала да им помогне на своите предци. Но тоа го планирала дури за некои пет години. Освен кандидатурата најавила и купување на нова резиденција, а нејзината асистентка Ноел Кешишиан би и помогнала во кампањата.