Светската риалити ѕвезда Ким Кардашиан се подлегнала на најновиот козметички третман познат под називот “Vampire Facial”, со кој во лицето на пациентот се вбризгува сопствена крв. Станува збор за најнов третман кој всушност е безболен и не предизвикува алергиски реакции. Се започнува со вадење крв од која потоа со посебен процес се одвојува плазмата од крвните ќелии. Крвта потоа се вбризгува во лицето на пациентот со ултра тенка игла, па постапката е многу помалку болна од тертманот со ботокс.
Иако неодамна мислела дека има спонтан абортус и итно се пријавила во болница, Ким не се смирува па сега се обидува со помош на својата крв да остане млада и убава. Ѕвездата веднаш се пофалила на сите друштвени мрежи како изгледа нејзиното лице за време на третманот. Таа рекла дека сака да испроба се што ќе ја направи млада и убава.