Американската старлета Ким Кардашиан не престанува да интригира. Овој пат внимание кон себе свртела со провокативни фотографии од Тајланд. На фотографијата, која ја поставила на социјалната мрежа Инстаграм, се гледа како ѕвездата ужива на плажа, додека лежи на стомакот на влажниот песок.
Нејзините обожаватели, се разбира, најмногу се воодушевени од задникот на сексипилната риалити ѕвезда. Заносната Ким ништо не препуштила на случајот, па за оваа прилика ангажирала асистенти, кои имале многу „деликатна“ задача, да и го намачкаат задникот со песок. Нема сомнение дека многумина посакуваат да го сторат тоа, бидејќи каде што ќе стапне Ким, тука се топи и песокот.