Својата препознатлива црна разбушавена коса, риалити ѕвездата Ким Кардашиан ја заменила со платинесто руса нијанса, која во однос на нејзиниот претходен изглед претставува радикална промена. Старлетата сега многумина ја споредуваат со популарната пејачка Рита Оро.

 

Мислењето на нејзиниот нов изглед, односно новата фризура и овој пат се поделени. Додека едни ја поддржуваат и го фалат нејзиниот изглед, други се скептични и мислат дека ова е едно од најлошите изданија на госпоѓа Вест.