Ким Кардашиан секојдневно преку социјалните мрежи ги известува своите фанови за случувањата од нејзиниот приватен живот. Новата фотографија која ја поставила на својот Инстаграм профил, направила општо пореметување меѓу фановите на популарната старлета.
Имено, Ким повторно ја променила својата боја на косата, иако пред само неколку месеци, добила бројни критики, старлетата одлучила повторно да стане русокоса. Покрај фотографијата оставила и коментар од кој можеме да заклучиме дека е презадоволна со својот нов изглед. Покрај фотографијата напишала дека ја вратила плавата боја на косата и дека воопшто не и е грижа за коментарите. Додала дека вака се чувствува како друг човек.