Популарната звезда на најважниот ден во животот сака да изгледа совршено, па ништо не препушта на случајот. Ким Кардашиан внимава што јаде, а вежба со помош не на еден туку на двајца тренери. Еден од нејзините тренери работи со Џенифер Лопез, а другиот им помага за одржување на формата на Мадона и Гвинет Палтроу.
Еден од тренерите рекол дека целта не им е Ким да ги изгуби своите препознатливи бујни гради, туку дека целта им била да ја затегнат Ким на критичните места. Таа е верена за кошаркарот Крис Хемфрис и наскоро планираат венчавка.