Атрактивната старлета Ким Кардашиан во интервју за списанието “Allure” изјавила дека сеуште не знае дали сака да има деца и дека сака уште некое време да има добра фигура. Таа рекла дека апсолутно сака да има деца, но не знае дали е тоа за неа. Додала дека можеби само ќе работи и нема ниту да стигне да размислува за деца.
Таа исто така на новинарите им признала дека нејзината сестра ја наговарала да биде сурогат мајка, но моментално единствена преокупација и била да ја сочува својата добра линија.