Нејзиниот вереник се споредува со божества и некои од најголемите воини, а се чини дека и Ким Кардашиан пати од слична илузија на својата големина. Риалаити ѕвездата докажала колку високо мислење има за себе кога во понеделникот ставила на Инстаграм фотографија на која позира со дијамантски прстен ма раката, обвиена со пешкир на главата, споредувајќи се со Елизабет Тејлор. Во позадина на фотографијата се наоѓа слика на Елизабет Тејлор во идентична поза.
Познато е дека славната дама со виолетови очи сакала дијаманти и често се фотографирала со нив. Ким фотографијата ја направила во црно-бела техника и во прв план ги ставила своите очи и обликувани веѓи, како би ја засилила сличноста со легендарната филмска дива. Покрај фотографијата напишала дека Елизабет и е идол. Ким како и познатата ѕвезда сака дијаманти, и како и неа се венчала повеќе пати, но тука престануваат сите сличности повеѓу овие две дами, бидејќи што Ким постигнала досега освен што им дозволила на милиони луѓе да влезат во нејзината приватност?