Ким Кардашиан поделила со своите фанови фотографии од снимањето на едиторијалот за списанието „Космополитен“. Во специјалното издание познатата старлета позирала само по долна облека. За британското списание позирала во провокативни пози, но и раскажала дека не е карактер кога се во прашање диетите, како и дека престанала да води грижа поради целулитот и вишокот килограми.


Додала и дека воопшто тоа што е славна не значи дека е совршена. Старлетата, која е позната по своите бујни гради, едиторијалот целосно го снимила во стилот на шeесеттите години, а фотографиите ги поставила на својата интернет страница.