Светските медиуми ја пренеле веста дека популарната старлета Ким Кардашиан е несреќна, бидејќи таа по само два месеци брак сериозно размислува да се разведе. Популарната ѕвезда неодамна признала дека во бракот се чувствува несреќно и дека Крис воопшто не личел на човекот за кој се омажила.


Парот наводно постојано бил во кавга, па Ким одлучила да отпатува без сопругот во Австралија и Дубаи како би размислила за целата ситуација. Ким наводно веќе и посетила познат адвокат за разводи, а списанието „Стар“ пишувало дека таа повеќе не може да ја тоелрира потребата на Крис за ноќни забави. Тој неодамна уживал во ноќниот живот во Мајами и Њујорк забавувајќи се со многубројни девојки.